во

Ескалација во Тирана: Солзавец и гумени куршуми на протестите, 21 лице заврши во болница

Студентските протести во албанската престолнина Тирана ескалираа во жестоки и насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата за време на петтиот ден од демонстрациите, принудувајќи ги безбедносните сили да употребат солзавец, гумени куршуми и водени топови.

Десетици повредени, меѓу кои и директорот на полицијата

Супер Попуст -25%

Тензиите кулминираа кога демонстрантите почнаа да фрлаат камења и други тврди предмети кон полицискиот кордон и кон зградата на Министерството за образование. Бидејќи ситуацијата излезе од контрола, полицијата возврати со сила за да ја разбие толпата.

Според официјалните информации од Универзитетската болница за трауматологија, медицинска помош добиле вкупно 21 лице — осум полицајци, десетмина демонстранти и тројца случајни минувачи. Во немирите настрада и директорот на полицијата во Тирана, Олигер Торба, кој бил забележан во болницата со преврзана рака.

Специјалци на улиците и остри пораки од власта

Поради реалната опасност од нови инциденти, специјалната полициска единица РЕНЕА е распоредена околу зградата на премиерот. Албанската полиција соопшти дека по насилствата се уапсени 10 лица, додека против уште 22 се покренати соодветни постапки. Агенцијата за надзор на полицијата веќе ги анализира снимките за да утврди дали имало прекумерна употреба на сила од страна на полициските службеници.

Албанскиот премиер Еди Рама ги посети оштетените објекти и ги повика сопствениците да побараат државна помош. „Правото на граѓаните да протестираат е загарантирано, но оние кои уништуваат имот и деловни објекти строго ќе одговараат за своите постапки пред законот“, порача Рама.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сончево и пријатно време: Денеска температури до 23 степени, од четврток пресврт

Масовни немири во Франција: Уапсени 1.200 лица, запалено историското градско собрание во Лимож