во

Масовни немири во Франција: Уапсени 1.200 лица, запалено историското градско собрание во Лимож

Најмалку 150 полицајци се повредени, а околу 1.200 лица се уапсени во масовните насилни протести ширум Франција, кои резултираа со запалени јавни згради, ограбени продавници и целосен хаос по улиците на најголемите градови.

Париз и Лимож во пламен, стотици илјади на улиците

Протестите, кои првично започнаа како бунт на средношколците поради лошите услови во образованието, брзо прераснаа во масовно социјално движење против високите животни трошоци. Според проценките, меѓу 550.000 и 800.000 луѓе излегле на улиците. Иако поголемиот дел од собирите биле мирни, маскирани групи предизвикаа сериозни инциденти. Во Париз, насилниците кршеле излози, ограбувале продавници на познати брендови и палеле автомобили, додека полицијата возвраќала со солзавец.

Супер Попуст -25%

Најтешкиот удар врз културното наследство се случи во Лимож, каде што демонстрантите го запалија историското градско собрание изградено во 1883 година. Покривната конструкција се урнала врз долните катови, предизвикувајќи катастрофална материјална штета.

Упади во Марсеј и Лион, повреден тинејџер во Сен Етјен

Насилството се прошири низ целата земја. Во Марсеј, маскирани лица насилно упаднаа во градското собрание испишувајќи анархистички симболи, додека во Лион беше запален историскиот туристички информативен центар. Деловни објекти беа мета на ограбувачи и во Бордо, Лил, Нант и Тулуз.

Во екот на полициските интервенции, регистриран е и тежок инцидент во Сен Етјен, каде 17-годишен демонстрант останал без едната шака по експлозија на полициска граната за разбивање толпа, што предизвика отворање на официјална истрага за полициската употреба на сила.

„Насилството не смее да се користи за наметнување политички цели. Лицата одговорни за грабежите и уништувањето ќе бидат пронајдени и строго казнети“, порачаа премиерот Себастијан Лекорни и претседателот Емануел Макрон, отфрлајќи ја засега можноста за прогласување вонредна состојба.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ескалација во Тирана: Солзавец и гумени куршуми на протестите, 21 лице заврши во болница

Масовен напад со дронови врз Санкт Петербург: Експлозии и пожари го осветлија небото над Русија