
Володимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција упати остра и лична порака кон Виктор Орбан, исмевајќи го како лидер што повеќе мисли на „растење на стомакот“ отколку на безбедноста и армијата.
Со таа провокативна слика, Зеленски порача дека украинската борба против Русија ѝ овозможила на Европа да живее послободно, додека дел од европските лидери си дозволуваат комфор и политички калкулации. Тој нагласи дека „украинскиот фронт“ фактички е европски фронт и дека цената за таа одбрана е огромна, со болка и страдање што Украина ги плаќа секој ден.
Затегнати односи Киев–Будимпешта и кочење на европскиот пат
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Зеленски ја поврза критиката со политичката реалност: односите меѓу Украина и Унгарија се затегнати поради позициите на Орбан кон Москва и поради блокадите во европските процеси. Тој индиректно ја потенцираше и унгарската улога во сопирањето на напредокот на Украина кон ЕУ, додавајќи дека војната продолжува додека политичките одлуки и единството на Европа се движат побавно од заканите на терен.
Порака за технологијата на војната и за „робот на војната“
Во истиот настап, Зеленски предупреди дека оружјето се развива побрзо од механизмите што треба да го запрат, наведувајќи дека руските напади со беспилотни летала „Шахед“ станале посмртоносни со текот на времето. На крај, го нападна и Владимир Путин со оценка дека не е „цар“, туку роб на војната, човек што не може да се откаже од идејата за конфликт и затоа претставува закана пошироко од границите на Украина.


