во ,

„Знаев дека ќе промаши“: Јокиќ со урнебесна изјава по магичното додавање

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Хјустон со 112:109, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ натпреварот го заврши со импресивни 34 поени, 10 скока и 9 асистенции.

Покрај одличната статистика, Јокиќ го изведе и „подавањето на вечерта“ кое ја воодушеви НБА лигата. Во еден момент, додека на грбот ги имаше Стивен Адамс и Смит Џуниор, тој без гледање ја проследи топката на спротивната страна од теренот, така што никој од ривалите не сфати каде таа се наоѓа.

Супер Попуст -25%

Топката стигна до Брус Браун, кој за жал го промаши шутот, што го чинеше Јокиќ трипл-дабл. По мечот, Јокиќ во свој стил се пошегува за ситуацијата: „Знаев дека е таму и дека ќе промаши“.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе од само дожд: Голема Река достигна 210 см, Долна Бела Црква е под вода

Пресврт во случајот „Рибникар“: Адвокатката открива зошто падна пресудата за родителите