
Иран соопшти дека Ормутскиот Теснец ќе остане затворен до понатамошно известување, во услови на нова ескалација на судирот со Соединетите Американски Држави.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Техеран предупреди дека може да нападне и дополнителни непријателски бази во регионот доколку иранската територија повторно биде цел на воени напади.
Погоден контејнерски брод
Според објавените информации, иранските сили претходно нападнале брод во Ормутскиот Теснец. Нападот предизвикал пожар на контејнерскиот брод, по што екипажот бил принуден да го напушти пловилото.
Засега нема детални информации за размерите на оштетувањето, ниту за состојбата на сите членови на екипажот.
САД возвратија со напади врз Иран
По инцидентот со бродот, американските сили извршиле нови напади врз ирански цели. Вашингтон операцијата ја претставил како одговор на дејствувањето на Техеран во теснецот.
Иран, пак, тврди дека ќе продолжи да презема воени мерки доколку американските напади не престанат.
Теснецот клучен за преговорите
Ормутскиот Теснец станува една од главните пречки во разговорите меѓу Иран и САД за траен прекин на војната, која според извештајот започнала на 28 февруари.
Стратешкиот премин е од огромно значење за меѓународниот транспорт на нафта и гас, поради што секое негово затворање може да предизвика сериозни последици врз глобалната трговија и енергетските пазари.


