во ,

Историски настап: Зоран Јовановски ќе ја претставува Македонија на Милано – Кортина 2026

Историски момент за македонскиот спорт: Зоран Јовановски ќе настапи на Зимските параолимписки игри Милано – Кортина 2026

Супер Попуст -25%

Струмичанецот Зоран Јовановски ќе стане првиот македонски параолимпиец што ќе настапи на зимска параолимпијада, откако беше официјално потврден неговиот настап на Милано – Кортина 2026. Информацијата ја соопшти Скијачката Федерација на Македонија, оценувајќи го настанот како пресврт во историјата на параспортот во државата.

Системска работа и долгогодишна подготовка

Од Федерацијата нагласуваат дека успехот е резултат на континуирана работа, вложување и стратешки пристап во развојот на параскијањето. Посебна благодарност е упатена до тренерите Јане Стефанов и Петар Илев за професионалната поддршка, како и до Вангел Тркаљанов, кој го иницирал развојот на параскијањето во земјата и организирал повеќе од 20 скијачки кампови.

Нова страница за Македонија и Струмица

Настапот на Јовановски се оценува како историски исчекор што ја позиционира Македонија на највисоката зимска спортска сцена за спортисти со попреченост. Од Скијачката Федерација на Македонија потенцираат дека остануваат посветени на создавање еднакви можности и изградба на систем што ќе овозможи нови генерации да стигнат до светските спортски форуми. Со овој настап, Струмица и државата добиваат свој претставник на глобалната параолимписка мапа.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Путин направи потег што покажува дека е во паника: Ова сценарио може да биде катастрофално за него

Макрон ја поздрави пресудата: Врховниот суд ги поништи царините на Трамп