во ,

Како Двејн Џонсон го троши богатството: Куќи и автомобили за цело семејство, инвестиции…

Еднаш, Двејн Џонсон изјави:

„1995. Седум долари во мојот џеб. Знаев две нешта: навистина сум сиромашен, и еден ден нема да бидам. Некогаш ќе го стигнете дното. Ќе мора да станете и да имате верба. Години подоцна ќе погледнете кон назад и ќе сфатите дека тоа ви е најдобро нешто што ви се случило“.

Двејн Џонсон си го исполнил ветувањето што си го дал, и денес е еден од најплатените холивудски актери. А, со богатство од 280 милиони, сигурно ве интересира како ги троши.

Реклама

Актерот си има купено огромна фарма од 9,5 милиони. Имотот е сместен во Атланта, Џорџија и има главна куќа со осум спални, штала за коњи и фарма стара 150 години. Истовремено, на имотот има и базен со солена вода.

На актерот не му е проблем да троши и за неговото семејство, па на неговиот татко му купи дом. Актерот изјави дека иако татко му имал каде да живее, навистина сакал да му купи куќа. Нормално, татко му бил пријатно изненаден и се преселил во куќата.

Кога Двејн почнал да станува активен во боречките вештини, чичко му му купил шорцови за вежбање. Двејн не го заборавил овој гест, па години подоцна му купи џип Ford на негативот чичко.

Како и многу познати, и Двејн решил да ги инвестира парите, и тоа во брендот за текила Teremana.

Друга инвестициа на актерот е компанијата за сладолед Salt & Straw, чии производи допрва треба да се појават на пазарот.

Актерот има донирано и 1 милион долари за да ѝ помогне на фудбалската екипа од неговото поранешно училиште – Miami University.

Познатиот актер не сака спортски автомобил, но е вистински фан на Ford. Покрај возилото Ford F-150, за патување тој го користи и неговиот приватен авион.

Неговата мајка му е најдрагата личност во светот и самиот има изјавено дека одреден период, тие двајца немале никој друг. Тој ѝ купи куќа и на неговата мајка, а ја користи секоја прилика за да ѝ подари нешто.

Двејн се грижи и за неговата снаа, па за Божиќ ѝ купи автомобил Escalade.

Актерот се потрудил тој и сопругата да ја имаат најдобрата венчавка. Венчавката беше приватна и се одржа во Хаваи, а според фотографиите, церемонијата изгледала како од бајка. Иако венчавката беше мала, сигурно чинела многу.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Креативна жена со 83-годишната мајка во карантин пресоздаваат уметнички слики

Леле, моето ново Ферари! Цело е смачкано, а само што си го купив!