во , ,

Како луѓето пред 100 години ја замислувале 2021-ва? За 4 работи биле во право

Весниците од 1921 година биле полни со предвидувања.

Во 1921-ва година се замислувало дека „за 100 години од сега ќе има чудни погодности, кои за жал, денес ги земаме здраво за готово“.

Реклама

Тоа биле нивните фантазии, а сега е наша реалност.

Ова се 4 предвидувања за кои луѓето пред 100 години биле во право:

1. Ќе бидеме господари на температурата

Чарлс Штајнмец, инженер, напишал дело кое во тоа време било популарно, а ја раскажувало револуцијата во домовите.

„Кога греењето се врши по електричен пат, а јас сакам 21 степен во својот дом, ќе го поставам термостатот и температурата нема да порасне над таа точка. Оваа температура рамномерно ќе се одржува без оглед на временските прилики надвор.

Ова ќе важи и за топлите денови кога температурата надвор ќе биде 32 или 37 степени. Истиот електричен уред ќе го лади воздухот. И уште ќе ја одржува влажноста на воздухот.“

2. Домот ќе биде центар на забава

Истиот инженер изгледа бил подготвен за Нетфликс уште пред 100 години. Еве како тоа го испрезентирал:

„Нема да биде потребно да одиме во некоја задушена, слабо проветрена просторија за да се забавуваме. Едноставно ќе ставиме кабел во штекерот, како што тоа го правиме со правосмукалката или столната ламба и концертот можеме да го донесеме во својот дом.“

3. Електрична енергија ќе ги придвижува нашите тркала

„Со идното електрично подобрување ќе дојде до промени во нашиот транспортен систем. Ќе има повеќе електрични автомобили и ќе се развиваат електрични велосипеди и трицикли. Поради својата едноставност и ниски цени ќе им бидат достапни на сите. Нашите подруми ќе бидат местото за нивно чување.“

4. Книгите сами ќе ни се читаат

Во август 1921-ва година, Miami News весникот имал објавено колумна под наслов „За 100 години од сега.“ Во неа пишувало:

„До 2021-ва фонографскиот принцип би можел да стане практично непогрешлив и најдобрите книги ќе бидат репродуцирани во плочи за употреба. Точните тонови на говорникот во изговарањето ќе бидат преслушувани во библиотеки или во салонот на секој дом.“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

21 Смешни фотографии од луѓе кои се „експерти“ за технологија

Патување низ бои: Запознајте го Кинсејл – гратче со одлична храна, шаренило и џез музика