во ,

Патување низ бои: Запознајте го Кинсејл – гратче со одлична храна, шаренило и џез музика

Градот Кинсејл се наоѓа во крајниот југозападен дел на ирскиот остров и Република Ирска и припаѓа на покраината Манстер.

Градот е оддалечен 280 километри југозападно од Даблин. Исто така тој се наоѓа и на листата на најубави места во Ирска, но и во Европа.

Причината за тоа се тесните улички и куќички во сите бои, како и пабови, ресторани, барови, галерии и плоштади на кои што не им недостасува шарм.

Реклама

Посетителите се шегуваат дека во Кинсејл можат да се изгубат само оние кои што се „слепи за боите“ затоа што уште по првата прошетка лесно е да се запомнат необичните куќи кои што се со впечатливи бои.

Климата во Кинсејл е умереноконтинентална со изразено влијание од Атлантикот и Голфската струја. Поради тоа градот се одликува со блага до многу променлива клима.

Омилената туристичка рута се протега низ девет жупании и три ирски провинции, од Кинсејл до Инишовен во покраината Донегол.

Освен поради возењето велосипеди и пешачењето, во Кинсејл се оди и поради храната – омилена меѓу оние кои што сакаат да уживаат во добрата храна.

Убавата домашна кујна и фестивалите за гурмани се само некои од аргументите за тоа. Меѓу летните настани се истакнува џез фестивалот.

Покрај наброеното, ова гратче го красат и добри и гостопримливи луѓе кои што секогаш ќе ве повикаат да се дружите со нив, па и оние кои што патуваат сами немаат поради што да се грижат затоа што секогаш ќе си пронајдат некој со кој што ќе можат да испијат пиво.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како луѓето пред 100 години ја замислувале 2021-ва? За 4 работи биле во право

10 Занимливи факти кои можеби не сте ги знаеле: Мравките спијат до 250 пати дневно, „Врисок“ е нацртана на парче картон