
Политичката стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп се фокусира на обезбедување ретки метали и минерали, а Македонија има потенцијал да биде клучен партнер во тој поглед, во време кога ЕУ го опструира евроинтегративниот процес.
Како што се наведува, САД се обидуваат да ги диверзифицираат изворите на ретки минерали за да не бидат уценувани од други велесили (како Кина) и да не заостануваат во технолошкиот развој.
Повеќе од само Алшар – се отвора „литиумска перспектива“

Во рамките на идниот македонско-американски стратешки дијалог, се предлага да се отвори соработка за истражување на ретки минерали. САД веќе покажаа интерес за рудникот „Алшар“ и уникатниот минерал лорандит, кој може да биде клуч за разбирање на сонцето.
Сега се отвора и нова „литиумска перспектива“. Неодамна е откриен литиум во јужна Србија (Бујановац, Врање), на само 4-8 километри од македонската граница. Според професорот Дејан Трајковски, постои голема веројатност истите геолошки формации да навлегуваат и на македонска територија, особено во атарите на селата Пелинце и Враготурце кај Куманово, како и на планината Козјак.
Шанса за Македонија

Македонските власти би можеле да побараат од САД да испратат експертски тимови кои би ги направиле потребните испитувања. Доколку се потврди присуството на литиум, тоа би можело да донесе заеднички истражувачки центри, американски експерти, нови работни места и развој на регионот.
Како што се заклучува во текстот, „Македонија добива силен сојузник, кој бранејќи ги сопствените интереси, ќе ги брани и македонските, принцип врз кој секогаш функционирал светот“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







