во ,

Канабис во кутии со перници: Разоткриен шверц канал

Марихуаната „патувала“ како квалитетни лесни перници: откриен канал за шверц кон Србија

Софистициран канал за шверц на канабис од Македонија кон Србија функционирал под маска на легална трговија со текстил. Дрогата била декларирана како „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“, со што, според истрагата, се избегнувале подетални проверки на граничниот премин „Табановце“.

Супер Попуст -25%

Случајот го обелодени емисијата „Код“ на ТВ Телма, а Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против шест лица поврзани со околу пет тони марихуана пронајдени во Коњух, Србија.

Камион со „перници“, товар со канабис

Според објавените информации, пратката првично била декларирана како текстилна стока на пат кон Манчестер, Велика Британија. Перниците биле извадени од камионот и претоварени во друго возило, додека во првото биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис.

Возач на камионот бил Александар Ивановски, кој се наоѓа во притвор.

Првоосомничен во случајот е сопственикот на скопската фирма „Алфафарм“, Предраг Брковиќ, кој, според истрагата, организирал набавка и повеќекратно транспортирање на марихуаната кон Србија.

Организирана мрежа и координација

Според ОЈО ГОКК, биле спакувани 8.832 килограми сув цвет од канабис во над 200 кутии, набавен од фирма од струмичкиот регион. По пакувањето, вработените биле испратени на колективен одмор.

На 13 јануари 2026 година, според истрагата, бил организиран транспорт од објект во Скопје до локација во атарот на Свети Николе, од каде камионот се упатил кон „Табановце“ и ја напуштил државата.

Обвинителството најавува понатамошни процесни дејствија во рамки на истрагата за организиран криминал и меѓудржавен шверц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Путин најави засилување на руската армија

МКС отвора постапка против Дутерте во Хаг