во ,

Канео наместо туристи, плива во фекалии: Охридско Езеро во опасност!

ВИДЕО: Фекалии „пливаат“ низ Охридското Езеро среде туристичка сезона

Вирално видео на социјалните мрежи покажува како фекалии истекуваат од шахта во центарот на Охрид. Наместо туристи, низ езерото близу плажите кај Канео „пливаат“ фекалии, што предизвика остра реакција кај јавноста. Овој инцидент се случува во екот на туристичката сезона, предизвикувајќи загриженост за хигиената и квалитетот на водата.

Во видеото се гледа како вода се прелева од шахта на шеталиштето во Охрид, но таа не е чиста. Забележителни се фекалии што се движат кон езерото. Во близина има луѓе, веројатно туристи, кои се дојдени на одмор.

Супер Летен Попуст

Авторот на објавата на социјалните мрежи директно ги прозва надлежните: „Здраво како сте? Лајна Ви течет в езеро на сред Канео во сред туристичка сезона“. Овој инцидент укажува на сериозен проблем со канализационата инфраструктура. Исто така, фрла лоша слика на градот како туристичка дестинација. Охридското Езеро е заштитено подрачје и секој ваков инцидент е голем еколошки проблем.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Неверојатни фотографии: „Кјуриосити“ на Марс пронајде нешто што личи на корал!

ДРАМА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Пожар уништи глисер, па потона, оштетени уште пловила!