во

Католиците и дел од православните вечерва го празнуваат Бадник

Католичките верници и дел од православните христијани кои го следат Грегоријанскиот календар денес го одбележуваат Бадник, во пресрет на Божик – празникот на раѓањето на Исус Христос.

Супер Попуст -25%

Во Македонија, централната прослава ќе се одржи во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата Божикна литургија ќе ја води бискупот Киро Стојанов, кој е скопски бискуп и епарх за струмичко-скопската епархија.

Овој Божик утре ќе го слават и православните цркви од Грција, Бугарија, Романија, Украина и Грузија, кои го прифатиле Грегоријанскиот календар.

Од друга страна, православните цркви кои се придржуваат до Јулијанскиот календар, како Руската, Српската, Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора, Божик ќе го прослават на 7 јануари.

Со празнични литургии и семејни традиции, верниците ја слават надежта, љубовта и радоста кои Божик ги носи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 24 декември 2024: Подгответе се за позитивни изненадувања!

Прага е европскиот главен град на алкохолот, Даблин веднаш зад неа