во , , ,

Кинеска компанија ќе почне масовно производство на летачки автомобили до 2024 г.

Кинеската компанија за електрични возила „Експенг“ претстави концепт за летачки автомобил кој треба масовно да се произведува до 2024 година.

Возилото е развиено од партнерот на „Експенг“, стартап-компанија наречена „ХТ Аеро“, која собрала над 500 милиони долари од инвеститори минатата недела.

Автомобилот е замислен да лета на мала височина, а има волан за возење на пат. Роторите на автомобилите може да се скријат кога автомобилот вози по пат. Во автомобилот има место за две лица и може да лета најмногу 35 минути, па затоа е наменет за урбани средини.

Компанијата планира да го продава автомобилот за помалку од 157.000 долари.

Во трката за развивање летачки автомобили се и други компании, како „Џенерал моторс“, „Тојота“ и „Хјундаи“. „Експенг“ годинава претстави и електричен автомобил кој е поевтин за една третина од сличните автомобили што ги нуди американската компанија „Тесла“.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 Места со најекстремни временски услови во светот

5 Митови за животните во кои најголемиот дел од луѓето веруваат