во , ,

Кога станува збор за вежбањето, препорачаните 2,5 часа неделно не се доволни

Кога станува збор за вежбањето, минимумот не е доволен. Ново истражување објавено неодамна покажува дека препорачаните 2,5 часа умерено вежбање неделно не се доволни доколку сакате долгорочно да го зачувате кардиоваскуларното здравје.

Истражувачите следеле 5.000 возрасни лица во Бирмингем, Чикаго, Минеаполис и Окленд во период од 30 години. Учесниците го започнале истражувањето на возраст од 18 до 30 години, а кога го завршиле биле на возраст од доцните 40-ти до раните 60-ти години. Рамномерно биле вклучени црни и бели луѓе, но и мажи и жени.

Заклучоците се дека дури до 90% од црните учесници имале висок крвен притисок до 60-годишна возраст. Кај белите учесници, висок крвен притисок до таа возраст имале над 50%.

Реклама

Истражувачите заклучиле дека 2,5 часа умерено вежбање неделно не ја спречува појавата на висок крвен притисок, но оваа состојба може да биде спречена со над 5 часа вежбање неделно. Освен тоа, физичката активност во младите години не е гаранција дека нема да развиете кардиоваскуларна болест подоцна. Активноста во текот на целиот живот повеќе влијае врз спречување на ваквите болести.

Истражувањето покажало и дека црните жени се најмалку физички активни, односно вежбаат просечно 1,6 час неделно. Од друга страна, белите мажи се најактивни со вежбање просечно 4 часа неделно.

Белите жени биле најпостојани во текот на целиот живот. Тие имале физички активности просечно 3 часа неделно.

Црните мажи биле најактивни во помладите години, кога вежбале просечно 5 часа неделно, но активните часови се намалувале на 2,5 подоцна во животот.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вирален Фејсбук статус на келнер од Македонија: „Ми имаат нарачно макијато без млеко, виски со џус“

Оваа мечка живее кралски: Ја ранат со лажица, снима филмови и реклами