во ,

Колега, кажете ми сè што знаете за првата воена употреба на атомска бомба…

Tројца студенти полагале испит по историја. Првите двајца имале „врски“, третиот немал. Му поставува прашање професорот на првиот студент:

– Колега, кажете ми сè што знаете за првата воена употреба на атомска бомба.

Реклама

– Фрлена е на 6ти август 1945 во Хирошима.

– Добро е колега, добро е. Oсмица. Ајде кој е следен.

– Колега, истото прашање.

– Фрлена на 6ти август 1945 во Хирошима. Ја фрлиле Американци.

– Одлично колега! Деветка!

Влегува студентот кој нема „врски“.

– Колега, кажете ми сè што знаете за првата воена употреба на атомска бомба.

– Првата атомска бомба била фрлена на 6ти август 1945 во Хирошима во 8.15 часот по локално време. Атомската бомба со име „Little Boy“ била тешка 4 тони и долга 3 метри, а ја носел бомбардерот „Enola Gay“. Полетал од Tinian – мал остров во западен пацифик со придружба од уште два бомбардера B-69. Бомбата била детонирана на висина од 580 метри. Температурата на површината на земјата, во средиштето на експлозијата достигнала и до 5000°C. Моќниот ударен бран од ветар бил со брзина од 800 km/h и уништил сè во радиус од 13 квадратни километри. Експлозијата предизвикала и врел облак со прашина висок 15.250 метри кој можел да се види на одалеченост од 560 километри. Само во моментот на експлозијата загинале 140.000 луѓе, додека многу умирале години потоа како последица од радијација…

– Не е доволно колега, не е доволно… ИМИЊАТА! Мора да ги знаете ИМИЊАТА на загинатите доколку сакате да добиете шестка! – му се обратил професорот со повишен тон на третиот студент.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Судијата: Госпоѓо, што украдовте од продавница?

Знам дека прашањето е малку необично, но колку години мислите дека имам?