
Данците се најсклони меѓу западните Европејци да го одобруваат нудизмот и да се соблекуваат голи во јавност, покажаа резултатите од студијата на „YouGov“.
Истражувањето, спроведено меѓу жителите на Велика Британија, Данска, Франција, Германија, Италија и Шпанија, покажало дека Данците се најсклони да кажат дека е сосема во ред да се соблекуваат на јавни места, како и дека тоа веќе и го правеле.
Поотворени од останатите
Големо мнозинство во сите шест земји се согласило дека е во ред да се соблекуваат на места наменети за нудизам (нудистички плажи или кампови). Сепак, додека повеќето луѓе во другите земји не одобрувале голотија на места како јавни базени или паркови, 35 отсто од Данците сметале дека е во ред да се соблечат на плажа која *не е* нудистичка, а 87 отсто веруваат дека е во ред да се биде гол во сопствената градина.

Без облека во вода
Данците исто така биле убедливо најтолерантни кон капење без облека во море, езера или реки. Дури 64 отсто од нив рекле дека таа практика е сосема во ред, во споредба со само 25 отсто од Италијанците и 31 отсто од Французите.
Повеќе од половина од Данците рекле дека барем еднаш се солекле во јавност, додека „нудистички активности“ признале само 22 отсто од Италијанците.

Повеќе од само Данска – Германија и мажите водат
Германија останува една од најлибералните земји во светот кога станува збор за јавната голотија во одредени простори. Анкетата покажала и дека мажите биле позаинтересирани од жените за нудизам и тоа во сите шест земји.
Интересно е што во Данска, помладите генерации се поотворени за нудизам, но во Германија е обратно – таму 48 отсто од постарите од 50 години би биле подготвени да бидат голи во јавност, во споредба со само 31 отсто од младите.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







