Неверојатна сцена се случила на браната Бел Парк во јужноафриканската провинција Квазулу-Натал, кога едно куче било однесено од вода.
Кучето воопшто немало да има шанси ако не го спасел Амос Ндлову, момент што го забележале и камерите.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Дека кучето е во проблем, прво забележал Џејмс Стјуарт кој бил во прошетка со сопругата Стела. Брзо притрчал дома за да најде јаже и го повикал градинарот на соседот, Амос.
Амос го врзал јажето околу половината и се спуштил во замрзната вода. Успеал, чекор по чекор, да дојде до кучето кое стоело на една карпа.


