во ,

Влегува еден човек во бар, каде наместо бармен стоел робот зад шанкот…

Влегува еден човек во бар, каде наместо бармен стоел робот зад шанкот.

Оди човекот на барот, а роботот го прашува:

– Колкав е Вашиот IQ?

– 150 – рекол човекот.

Роботот веднаш му налева 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, квантна механика, нанотехнологиите итн.

Човекот бил многу импресиониран и следниот ден решил да го тестира роботот.

Кога роботот го прашал за неговото IQ – тој кажал 80.

Веднаш роботот му сервирал пиво и почнал муабет за фудбал, карти, омилени јадења, жени итн.

Така заинтригиран, човекот се вратил и трет ден.

Тогаш на роботот му кажал дека има IQ е 0.

Роботот, без да го праша, му налева една ефтина жолта ракија и го прашува:

– И што ќе правиме сега? За кој ќе гласаме?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Куче однесено од вода на опасна брана: Градинар херојски го спасил со помош на јаже

Како изгледале 10 патници во реалниот живот, кои ги гледавме во филмот Титаник