во , ,

Куќата од соништата на Малибу Барби е достапна на Airbnb за 60 долари од вечер

Ако отсекогаш сте се восхитувале на светот на Барби, сега имате можност да престојувате во Куќата од соништата на Малибу Барби, што од 23 октомври годинава ќе може да ја резервирате преку Airbnb.

По повод 60-годишнината на брендот Barbie, еден среќен корисник на платформата ќе може да ја резервира легендарната куќа за две ноќевања, од 27 до 29 октомври, по неверојатна цена од само 60 долари за една ноќ, за четири лица.

Куќата е лоцирана во срцето на Малибу, со поглед на Тихиот Океан, има две спални соби и две бањи, домашно кино, спортски терен, просторија за медитација, студио за хоби, целосно опремена кујна, инфинити базен и многу повеќе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лик не престанува да се фотошопира на фотографиите на Кендал Џенер, а резултатите се урнебесни

15 смешни фотографии од мали деца на кои веднаш се гледа дека мразат шопинг