Еден маж одлучил да ја одведе љубовницата во кино, мислејќи дека неговата сопруга никогаш нема да дознае за тоа, но се излажал.
Снимката објавена на ТикТок која го обиколи светот и насмеа 20 милиони луѓе настанала во Колумбија, а едно е сигурно – на никој од учесниците не му било забавно како на оние кои го изгледале видеото.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Како што пренесуваат медиумите, Колумбиецот имал намера да помине една вечер со љубовницата додека неговата сопруга била дома. Тој ја одвел во кино, мислејќи дека таму, поради темната сала, мали се шансите да сретне некој познат или некој да го препознае. Но, набрзо се уверил дека се излажал.
Токму кога парот се сместил во удобните столчиња, следело шок: се појавила неговата сопруга која ја снимала целата ситуација со телефон.
Како што се гледа и на снимката, и двајцата биле непријатно изненадени. Љубовницата веднаш побегнала од „местото на злосторството“, додека прељубникот почнал да трча по скалите од другата страна.
Засега не е познат конечниот епилог на оваа љубовна драма, но веруваме дека неверниот сопруг не поминал баш најдобро…
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден







