во , ,

Мајка го тера синот да направи 12.000 чекори во ден ако сака за викенд да игра видео-игри

Ако за викенд сака да игра видео-игри, ова дете дневно мора да прави по 12.000 чекори. Неговата мајка на ТикТок објавила снимка на која детето трча по лента, обидувајќи се да ја оствари дневната цел.

„12.000 чекори во ден за да заработи играње игри во текот на викендот“, напишала во видеото па го споделила со своите пријатели на споменатата социјална мрежа.

„Во ред е да се движи, но тогаш однеси го во парк, не го прави ова“, „Ова се работи за кои еден ден ќе разговара со психијатар“, ја критикувале некои.

Реклама

Мајката објаснила дека не го тера своето дете секој ден да трча по лентата, но дека мора да биде активен.

„Моите деца можат да ги остварат зацртаните чекори кога и да посакаат. Исто така, ако не сакаат да играат видео игри, не мора да трчаат. Можат самите да носат избори. Син ми ме праша дали може да ја користи лентата за таа цел. Како наставничка по физичко можам да ви кажам дека не сте свесни колку се децата нездрави“, порачала таа.

Други сметаат дека е позитивно што детето се служи со сите средства за да направи 12.000 чекори во ден.

“Како и да е, за пофалба е што се движи. Нека трча каде и кога сака”, стои во друг коментар.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Леле, ова мора да е маж ми!

СТРУМИЧКА КОНВЕРЗАЦИЈА