
Багер ја поткопал историјата
Главниот виновник за физичкото уништување е првообвинетиот управител на градежна фирма од Велешта. Како инвеститор и изведувач, тој не го испочитувал Решението од Управата за заштита на културното наследство, кое налагало изработка на детален идеен проект за уривање, со оглед на тоа што стариот објект делел заеднички преграден ѕид и кровна конструкција со заштитената куќа.
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Наместо тоа, инвеститорот изготвил само основен проект и веднаш почнал со изградба на нов објект со подрум, приземје и кат. Копајќи за подрумските простории со багер, тој извршил широк ископ со кој го поткопал преградниот ѕид, што резултирало со дестабилизација и уривање на историската куќа на улицата „Браќа Миладиновци“ кон средината на октомври 2025 година.
Соучесништво на општинските и државните институции
Уривањето немало да биде возможно без логистичката поддршка од институциите. Градежен инженер и архитект од Секторот за урбанизам во Струга се обвинети дека го изготвиле и одобриле одобрението за градење без задолжителниот проект за уривање.
„Обвинението го опфаќа и тогашниот градоначалник на Општина Струга кој го донел одобрението со кое, директно спротивно на Решението од Управата за заштита на културното наследство, му дозволил на инвеститорот да изгради подрум на објектот“, посочуваат од Обвинителството.
Во скандалот е вмешана и архитектка-конзерватор од Заводот за заштита на културното наследство и музеј во Охрид. Таа е обвинета за помагање бидејќи дала позитивно мислење без никакви забелешки и ја заверила техничката документација која незаконски предвидувала изградба на подрумски простории, запечатувајќи ја судбината на заштитената куќа.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден








