
Модернизација на трговијата и предноста на малите економии
Во рамките на сесијата „Trade in a Changing World“ организирана од Светскиот економски форум во Обединетите Арапски Емирати, Муцунски се осврна на растечката геоекономска конкуренција. Тој нагласи дека иднината на глобалната трговија не смее да се сведува на избор меѓу отвореност и безбедност, туку отвореноста треба да се направи побезбедна, бидејќи отпорноста не значи изолација.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Зборувајќи за позицијата на државите како Македонија на глобалниот пазар, министерот потенцираше дека силата на помалите економии произлегува од нивната способност да бидат сигурни и предвидливи партнери. „Големите економии се натпреваруваат преку обем. Малите економии се натпреваруваат преку доверливост“, истакна Муцунски.
Коридорите 8 и 10 како основа за економски суверенитет
Во контекст на националниот економски суверенитет, министерот го поврза истиот со инфраструктурната и енергетската поврзаност, посочувајќи дека држава без добра мрежа не може да биде вистински суверена. Како клучен приоритет ги издвои:
- Инвестициите во патната и железничката инфраструктура на Коридорите VIII и X.
- Енергетската диверзификација како неопходен предуслов за економски развој и привлекување индустрии на иднината.
На крајот, Муцунски се осврна и на глобалните конфликти, предупредувајќи дека поради силно меѓусебно поврзаните синџири на снабдување, економскиот просперитет е втората жртва веднаш по човечките животи.
„Нашето цврсто уверување е дека државите што ќе успеат во следните пет, десет, петнаесет или дваесет години нема да бидат оние што ќе изградат најголеми ѕидови, туку оние што ќе изградат најотпорни мостови“, заклучи министерот.


