во ,

„Напуштање на бродот што тоне“: Клучна советничка на Урсула фон дер Лајен поднесе оставка

Поранешната шефица на италијанската разузнавачка служба, Елизабета Белони, ќе ја напушти својата функција.

Таа е главна советничка за надворешна политика на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Белони ја напушта својата позиција“, рече портпаролот на Европската комисија на прес-конференција. Оставката ќе стапи на сила во септември.

Оставка на само неколку дена пред гласањето за недоверба

Објавата за нејзиното заминување од Комисијата доаѓа во клучен момент. Токму во време кога Фон дер Лајен се подготвува за гласање за доверба во Европскиот парламент. Гласањето е закажано за во четврток.

Супер Летен Попуст

Белони се приклучи на кабинетот на Фон дер Лајен во јануари 2025 година. Ова се случи веднаш откако таа се повлече од местото шеф на италијанскиот Оддел за информации и безбедност (ДИС). Тоа тогаш изненади многумина во Рим.

„Лични причини“ за заминувањето

Според пишувањето на италијанскиот весник „Ла Република“, Белони најпрво во приватен разговор, а потоа и во официјално писмо ја известила Фон дер Лајен. Таа навела лични причини за своето заминување.

Белони би требало да остане на функцијата до септември. Целта е да помогне во подготовките за претстојните самити на ЕУ. Станува збор за самитите со Кина и со Јапонија.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драма кај Блаце: Поради ширење на пожарот, затворен е граничниот премин и патот кон него

Ѓоковиќ со пресврт до четвртфинале пред очите на Федерер