
Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Сообраќајот е прекинат во двата правци. Исто така, затворен е и граничниот премин Блаце. Оваа информација попладнево ја соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Од таму додаваат дека во координација со другите надлежни институции, Министерството презема мерки за гаснење на пожарот. Тие апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон граничниот премин Блаце. Апелот важи сè до целосното гаснење на пожарот и до нормализирање на сообраќајот.
Министерството најави дека навремено ќе ја информира јавноста за сите промени во состојбата на терен.


