
Крај на теориите на заговор: Голема француска студија потврди – вакцинираните живеат подолго, а смртноста е 50% повисока кај невакцинираните
Резултатите од масивното истражување спроведено од француската епидемиолошка група „Епи-Фаре“, кое опфатило дури 30 милиони возрасни лица во периодот од 2021 до 2025 година, ставаат точка на шпекулациите за наводната штетност на вакцините. Студијата, објавена во престижното списание „JAMA Network Open“, открива дека мРНА вакцините (како оние на „Фајзер“ и „Модерна“) не само што не предизвикуваат „скриен бран на смрт“, туку реалноста е спротивна. Ризикот од смртност (од која било причина) во четиригодишниот период бил за 50% поголем кај невакцинираните (0,6% смртност) во споредба со вакцинираните (0,4% смртност).
Долгорочна безбедност: Нема докази за зголемен ризик
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Махмуд Зуреик, раководител на истражувањето, истакна дека ова е клучна студија бидејќи за првпат се анализираат долгорочните ефекти врз толку голем примерок. „Можеме да кажеме со висок степен на сигурност дека нема зголемен ризик од смртност по вакцинацијата“, дециден е тој. Сепак, научниците остануваат објективни – разликата во смртноста не мора да значи директна причинско-последична врска само поради вакцината; тука улога играат и социоекономските фактори, возраста и грижата за здравјето што вакцинираните луѓе почесто ја практикуваат.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден








