во ,

Нашол еден Македонец стара ламба, и како што е редот ја протрил…

Нашол еден Македонец стара ламба, и како што е редот ја протрил. Од неа се појавил дух и му рекол:

– Имаш право на три желби!

Реклама

– А бе, нема што да мислам, стави да пиеме по една ракија.

– Ама… Сигурен ли си!

– Стави, стави!

Што да прави духот – Става по една… Ја пијат…

– Сега ти останаа само две желби – мисли мудро!

– Нема што да мислам – давај уште по една!

– Ама, јас сум семоќен, можам да ти ја исполнам апсолутно секоја желба!

– Стави бе, да пивнеме уште по една.

Што да прави духот, должен е да се покорува. Става уште по една. Ја пијат…

– Ти остана последната желба, размисли внимателно што ќе посакаш!

– Стави да пиеме уште по една!

– Ама не може така, нема да ти останат желби! – Навреден вели духот.

– Ставај!

Ја става духот и третата тура, пијат заедно по една ракија… И потоа се прибира назад во ламбата.

По неколку минути духот ја подава главата од ламбата и малку неразбирливо прашува:

– Абе ти четврта желба немаш ли?


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 Работи кои се толку лошо направени што ќе ве заболи главата

14 Фотографии докажуваат дека не треба да купувате онлајн од непроверени продавници