во , ,

Најголемиот Starbucks во светот отворен во Токио

Starbucks Reserve Roastery лоциран во Токио, ги отвори своите врати и ги пречека посетителите на сите четири ката на кои се простира, служејќи ги фантастичните кофеински пијалаци.

Најголемиот Starbucks зафаќа површина од речиси 3.000 метри квадратни, и официјално „го победи“ претходникот во Шангај.

Дизајниран е од Јапонскиот архитект Кенго Кума, кој беше главен и зад стадионот кој се гради во Токио за Олимписките Игри во 2020-та година.

Реклама

Најголемиот Starbucks во светот е составен од стаклени ѕидови и дрво во нијанси на кафе и темно чоколадо, а ентериерот има индустриски дизајн.

Фантастичен шмек на просторот дава и 17-метарската машина за кафе вклопена во масивниот дрвен шанк, како и бакарните црешови цветови кои на број се точно 2.100 и се рачно изработени.

Ве водиме на кратка фото прошетка:


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13-те најубави „машки дувла“ во светот

20+ Подлошки за пиво со историските моменти од светските првенства во фудбал