во ,

13-те најубави „машки дувла“ во светот

При уредувањето на секој дом, најважно (или една од најважните работи) му е неговото посебно „катче“. Сонот на секој маж е да си има просторија каде што ќе може на раат да го гледа натпреварот, или да се напие по некоја со другарите.

Еве ги најубавите „машки дувла“ во светот:

Реклама

А, кој не би сакал да го гледа светското првенство во оваа просторија? Заборавете на одењето во бар или паб, вистинското уживање за време на светското првенство е во оваа соба.

Уште една одлична соба за следење на спортските натпревари. Вештачката трева е и повеќе од доволна за да ве опушти и натера да заборавите на вашите проблеми.

Еве една просторија која е наменета за вистинските уживачи на спортските натпревари. Кој не би сакал да ги следи натпреварите на омилениот клуб во ваков амбиент?

На секој музичар и љубител на музиката нема да му смета да има ваква просторија во неговиот дом. Ова е совршеното место да го „дегустирате“ новиот албум на вашиот омилен бенд, или да се пофалите со вашите музички дела пред пријателите.

Еве просторија која не би ја одбиле љубителите на научната фантастика. Ова е совршеното место за играње на вашите омилени игри, или филмски маратон со вашите омилени филмови.

Доколку сакате да следите повеќе натпревари од еднаш (или сте зависник од спортски обложувалници), ова е вистинскoто место за вас.

Заменете ги дресовите и шлемовите со оние од вашиот омилен тим, и следете ги неговите натпревари со стил. Доколку нема натпревар, можете да ги поканите пријателите на по некоја партија ФИФА.

Оваа просторија има сѐ што ви треба: Мотор, билијард, телевизор и многу, многу стил.

Билијард, телевизор и мини бар… Што друго би можеле да посакате? Оваа просторија гарантира незаборавни собиранки за вашето друштво.

Вратете се во минатото со оваа колекција на флипери и музички плочи. Оваа соба е совршената комбинација за секој гејмер од ’90-тите.

Книги и музика… Замислете си го слушањето на омилениот музички албум на ова озвучување, проследено со пауза за читање на омилената книга… Совршенство!

За љубителите на вино, еве една одлична идеа. Направете вашите пријатели да се чувствуваат како витезите на тркалезната маса, само наместо со ладни оружја, поминете ја вечерта со вино на собна температура.

Вистинските фанови на филмот, не би ѝ рекле „не“ на оваа соба. Мини кино, украсено со колекции од омилените филмови… бесценето.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Генијални изуми на дизајнери чија имагинација не знае за граници

Најголемиот Starbucks во светот отворен во Токио