во , ,

Најлошите карактеристики на секој хороскопски знак

Секој од нас има по некоја лоша карактеристика.

Какво име би добил секој хороскопски знак според неговата најлоша особина?

Овен: Лут ѕвер

Овенот го насочува својата енергија кон она што го сака и не се откажува од намерата. Ќе го направи она што го сака без оглед на последиците.

Тие се себични, незрели и несвесни кога се во потрага по својата цел.

Бик: Oпсесивен колекционер

Биковите се спори, тврдоглави и материјалисти. Тие највеќе од сè би сакале да седат и да бројат пари, опкружени со работите кои всушност и не им се потребни.

Интелектуалното, апстрактното и спиритуалното за нив воопшто не се важни затоа што се грижат само за работите кои ќе им донесат материјална корист. Тоа не ги спречува да им кажуваат на сите како треба да живеат.

Близнаци: Плиток карактер

Близнаците се чини дека знаат сè, а всушност имаат само површно знаење за она што го зборуваат. Тие се полни со бескорисни мислења, скокаат од една тема на друга и ги прераскажуваат информациите коишто ги слушнале порано.

Рак: Плачко

Чувствителноста на Раковите ги спречува другите луѓе да им кажат како се чувствуваат затоа што се грижат дека ќе ги повредат нивните чувства.

Лав: Eгоист

Лавот е можеби најголемиот егоист во Зодијакот. Тие имаат потреба постојано да слушаат пофални зборови затоа што се несигурни во себе. Кога не добиваат комплименти од другите, почнуваат самите да се фалат.

Лавовите често се опкружени со луѓе кои им делат плитки комплименти.

Девица: Опседнати педантерии

Девиците се нападни личности кои го контролираат секој детаљ од почетокот на животот до смртта затоа што мразат спонтаност или било каква промена во својата дневна рутина.

Поради тоа не се опуштаат и не излегуваат да се забавуваат. Нивната опседнатост со чистотијата е навистина страшна за гледање.

Вага: Лицемер кој ги задоволува сите

Поради желбата на Вагата да биде прифатена и сакана, да се чувствува популарно, таа ретко кога е во состојба да донесе одлука.

Кога се во ресторан, гледаат во менито половина час пред да се одлучат што ќе јадат.

Делат лажни комплименти само да ги задржат луѓето околу себе.

Скорпија: Перверзија

Скорпиите се познати како најдобрите сексуални партнери во Зодијакот. Тие не знаат како да ги контролираат своите нагони.

Скорпиите уживаат да гледаат како другите луѓе страдаат затоа што тогаш чувствуваат дека се во позиција на моќ.

Се кријат зад маската на мистерија и тајност, обидувајќи се да го сокријат очигледниот факт дека се чувствуваат несакано, што ги прави да бидат параноични.

Стрелец: Потрага по внимание

Не се залажувајте со љубовта на Стрелецот кон филозофијата и духовноста или за било што било што ќе кажат. Тие ги користат овие теми за да избегаат од секојдневните активности и проблеми со коишто не можат да се справат.

Стрелците никогаш не знаат да признаат дека не се во право и постојано се во потрага по внимание.

Јарец: Ajкула од дното на социјалното скалило

Јарецот е најстариот досаден знак, студен како труп, нечувствителен. Со нив нема да ви биде здодевно доколку имате пари.

Не се родени за да го освојат врвот, можат да го направат тоа доколку имаат помош.

Освен тоа, не знаат како да се забавуваат.

Водолија: Jaгнето во волчја кожа

Иако Водолиите можеби изгледаaт ексцентричнo, чуднo или оригиналнo, тие дефинитивно се свесни за фактот дека не се толку посебни.

Водолиите тврдат дека се дарежливи, се грижат за целото човештво, но прашајте ги нивните партнери: ќе ви кажат дека кога станува збор за врските, тие се целосно отсутни и невнимателни за партнерот.

Риби: Сентиментални и изгубени

Рибите го поминуваат својот живот обидувајќи се да сфатат кои се и зошто дошле на планетата Земја.

Тие дури и не знаат што сакаат, запаѓаат во сентиментална хистерија и живеат во постојан хаос. На Рибите им недостасува цел во животот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тажни фотографии го обиколија светот – Викториините водопади пресушија, а тамошните жители велат дека ваква сцена гледаат првпат во нивните животи

15 Супер идеи како да направите необична новогодишна елка