во , ,

На Британец без нога му барале да го докаже својот инвалидитет, писмото од неговиот доктор ги насмеа сите

Британскиот полицаец Бен Пери кој во 2018 година ја изгубил десната нога во несреќа, го опишал својот доктор како легенда откако тој испратил писмо до советот кој одбил да му даде сина ознака за паркирање.

Ногата на Пери му била ампутирана во 2018 година откако го удрил автомобил додека тој му помагал на друг возач кој имал сообраќајна несреќа. Поминал 23 недели во болница, а возачот кој го удрил подоцна бил осуден поради несовесно возење, пренесува „BBC“.

Реклама

Кога неодамна сакал да ја обнови својата сина ознака со која има право на паркирање на места наменети за инвалиди, советот во округот Ворчестершајр го одбил неговото барање со објаснување дека мора да „приложи повеќе докази за својот инвалидитет“.

Откако му кажал на својот доктор што се случило, тој составил писмо за советот во кое пишува дека „ногата на Пери веројатно нема да порасне“.

„Бев многу изненаден кога морав да дадам изјава која се однесува на инвалидитетот на Бен. Можам да ве уверам дека навистина имаше трауматична ампутација на долниот дел од десната нога поради несреќа. Поради тоа сега има голем инвалидитет пропратен со силни болки“, стои во изјавата на докторот.

„Некои денови може самостојно да се движи, додека понекогаш силните болки го спречуваат во тоа“, додал тој.

„Би бил многу благодарен кога би го зеле тоа предвид кога во иднина ќе се занимавате со неговите барања. Мала е веројатноста дека оваа ситуација ќе се промени, освен ако поради напредокот на медицината повторно не му порасне нога“.

Во меѓувреме, советот му го одобрил неговото барање, а твитот во кој овој Британец ја објаснува целата ситуација добил повеќе илјади лајкови.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Болничарки се забавуваат во возилото на Брза Помош за време на пауза – едни ги критикуваат, а други ги поддржуваат

Две студентки цимерки пржат виршли. Едната им отсекува по едно парченце од краевите и ги става во тавчето….