Домовите во близина на езерото Ири во Њујорк биле буквално претворени во иглоа по силната виулица и ледена експлозија, пренесува “Ladbible”.
На фотографиите се прикажани домовите покрај езерото кои останале прекриени со лед и долги мразулци откако силните ветрови ја оддувале водата од брегот на езерото, која била замрзната, и ги прекриле куќите.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден

На некои куќи ледот е толку густ што жителите морале да користат алати за да излезат и влезат внатре.
“Морав да го скршам ледот за да излезам од вратата”, рекол еден од жителите.

Додека ледот не се стопи, невозможно е да се процени настанатата материјална штета. Многу дрвја и далноводи останале оштетени поради силниот ветер кој достигнал брзина од 80 километри на час.

Снежните врнежи биле многу интензивни во близина на езерото поради “ефект на езеро” кој настанува кога студениот, сув воздух преминува над езерото, собирајќи влага пред да ја исфрли на брегот како снег.


