во ,

Нераскинливото пријателство помеѓу куче и пантер кое ќе ви го стопи срцето

Луна е прекрасен црн пантер роден во Сибирската зоолошка градина. Нејзината мајка одбила и не сакала да ја дои. Шансите на Луна да преживее биле мали, но за среќа, на помош и пришла неверојатна жена.

Жената имала искуство со одгледување диви мачки и решила да и помогне на Луна да преживее со тоа што се грижела за неа и ја хранела со диета полна со витамини кои и се потребни.

Реклама

Жената набрзо се врзала за Луна и решила да ја купи од зоолошката градина – но само затоа што знаела дека може да и го даде на Луна животот што го заслужува и ѝ треба. Луна набрзо стана дел од семејството. Таа запознала женско куче по име Венца. Венца е ротвајлер кој по долг процес на запознавање, почнал да се согласува со Луна и се развило големо пријателство. Тие се неразделни, секогаш заедно: играат, трчаат и го истражуваат светот околу нив. Тие се најдобри пријатели и изгледаат апсолутно прекрасно заедно!

Ова необично пријателство ги освои срцата на многумина на социјалните мрежи, па овој тандем стана доста популарен и познат. Можете да најдете десетици клипови од нивното пријателство кои нивниот сопственик сега ги снима секој ден. Луна дури го доби и својот Инстаграм профил каде се објавуваат слики и видеа од неговиот живот. Во следниот клип можете да ја видите Луна како расте:

Имајте предвид дека жената која ја посвои Луна е искусна и знае како да се грижи за дивите животни. Таа знае каква диета мора да има Луна, какви витамини и вежбање мора да има.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Над половина од милијардерите купиле „бункери за крајот на светот“

Кога соседот нема да го поканиш на скарата што ја правиш под нивен прозорец