во ,

Нереална магија: Белата песочна плажа на Медитеранот е местото на кое би го поминале цело лето

Планетата Земја е преполна со восхитувачки места – од импресивни планински врвови, до нереални пустини и скриени плажи.

Плажите опкружени со кристалното сино море се неверојатни, а една таква е и плажата Навагио на грчкиот остров Закинтос.

Плажата Навагио се смета за една од најубавите плажи во Грција, но и во светот.

Реклама

Престижната титула се должи на нејзината позиција – составена е од атрактивен бел песок, а сокриена е со високите карпи и излегува на кристалното сино Јонско море.

До тој медитерански бисер може да стигнете само со брод, а тоа ѝ дава и доза на приватност и ексклузивност.

Нејзината убавина ја надоградува и остатокот од бродот Панагиотис кој што се насукал на плажата во текот на 80-тите години на минатиот век. Токму тој остаток од бродот во меѓувреме станал туристичка атракција, а поради него ова место некогаш го нарекуваат и „бродоломна плажа“.

Кога ќе биде безбедно да патуваме, можеб

и најдобро е да уживате во убавините на оваа плажа, а дотогаш ќе уживаме во сцените од нашите фотографии.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Снимиле прекрасен природен феномен, не можеле да поверуваат што гледаат

Каква среќа: Рибар уловил многу редок јастог со целосно сина боја: Шансите за тоа се еден во два милиони