
Рецепт: Кокос Ролат (без печење)
Овој колач е подобар од купечките бидејќи е сочен и кремаст, а мирисот на кафе му дава посебен шмек.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Потребни состојки:
За темниот дел (кора):
250 г мелени бисквити
125 г шеќер во прав
1 лажица какао
1 шолја јако сварено кафе (црно, оладено)
За белиот дел (фил):
125 г путер (на собна температура)
125 г шеќер во прав
100 г кокос
За глазура:
100 г бело чоколадо
2 лажици масло + 2 лажици млеко
Како се подготвува:
Темна смеса: Во сад измешајте ги бисквитите, шеќерот и какаото. Постепено додавајте го свареното кафе и месете додека не добиете компактна смеса (ни премногу течна, ни премногу сува). Расукајте ја смесата во правоаголник врз проѕирна (самолеплива) фолија.
Бел фил: Изматете го путерот со шеќерот во прав додека не стане пенест, а потоа додадете го кокосот и измешајте.
Виткање: Нанесете го белиот фил рамномерно врз темната кора. Со помош на фолијата, внимателно свиткајте го ролатот.
Глазура: Растопете го белото чоколадо со маслото и млекото и прелијте го ролатот.
Ладење: Оставете го во фрижидер да се стегне пред сечење.


