
Драма во соседството: Ветерот си играше со авионите како да се од хартија, туристи заробени во снежен пекол
Екстремно невреме ја зафати Романија, предизвикувајќи хаос во воздушниот и патниот сообраќај. Вистинска драма се одвивала на планините Фагараш, каде четворица туристи од Молдавија биле заробени во снежна виулица. Спасувачката акција траела повеќе од 8 часа во невозможни услови, каде ветерот буквално ги соборувал спасувачите во снегот, но за среќа, сите се успешно и безбедно евакуирани.
Снимени морничави слетувања: Пилотите во Клуж се бореа со удари од 100 км/ч
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Додека на планините беснееше меќава, во градовите како Клуж-Напока и Јаши ветерот корнеше покриви и ги остави граѓаните без струја и вода. На социјалните мрежи се појавија снимки од авиони кои се обидуваат да слетаат додека ветерот ги фрла лево-десно. Пилотите изведоа вистински херојски маневри за да ги приземјат леталата безбедно. Жолт метео-аларм останува на сила во делови од земјата и за време на новогодишната ноќ, кога се очекува нов снег на планините.


