во ,

Не, јас сум за кај тебе. Се враќам од лов пред еден месец и ја фаќам жена ми со некој си во спалната соба…

Кај кардиолог:

– Докторе, да ви кажам, јас сум ловец.

Реклама

– Прострелните рани се за хирургија.

– Не, јас сум за кај тебе. Се враќам од лов пред еден месец и ја фаќам жена ми со некој си во спалната соба. Ја вперувам пушката и му викам: “Сега те утепав.” А тој:
“Чекај бе, човек, стави по едно кафе да си кажеме по два збора како мажи, а потоа ме пукај”. Ставив кафе и тој ми вика: “Добро де, јас во гроб, ти во затвор, a таа
ќе се работи со друг, има ли тоа смисол?” Размислив – во право е, но му реков: “Повеќе нема!Крај!”

– И што сакаш од мене како кардиолог?

– Слушај де, докторе. Минатата недела се вратив од лов, тие двајцата повторно заедно. Нанишанив со пушката и викам: “Сега неа ќе ја утепам”. А оној: “Чекај бе,
човек, стави по едно кафе, да си кажеме по два збора и потоа пукај”. Ставив кафе и тој: “Ти во затвор, таа во гроб, јас ќе си фатам друга. Што е поентата?” Прав е,
но му викам: “Повеќе нема, крај!”

– И што сакаш од мене бе, човек? – прашува кардиологот.

– Вчера се враќам, тие пак заедно. Ја земав пушката и викам: “Ќе се убијам!” А оној: “Чекај бе, човек, стави по едно кафе, па после утепувај се.” Ставив кафе, а тој:
“Што е поентата? Ти во гроб, ние ќе си живееме царски тука.”

– А зошто си дошол кај кардиолог, ти си за психијатар?

– Не бе, докторе, да ми кажеш од толку кафиња да не си наштетам на срцето??!!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Ситуации кога очекувањата се далеку од реалноста во секојдневниот живот

Извини те молам, ама збунет сум оти ја загубив жена ми….