во ,

Нико Ковач не простува: Адејеми „олеснет“ за 90.000 евра по инцидентот со Гладбах

Железната рака на Нико Ковач: Адејеми казнет со 90.000 евра, платата му е скратена веднаш

Тренерот Нико Ковач воведе воена дисциплина во Борусија Дортмунд. На зимските подготовки во Марбеља, донесена е итна одлука младиот офанзивец Карим Адејеми да биде казнет со дури 90.000 евра поради непромислениот потег на мечот со Менхенгладбах. Парите ќе му бидат одбиени директно од месечната плата.

„Лошото момче“ на германскиот фудбал: Од ТикТок кутии до нелегално оружје

Супер Попуст -25%

Ова не е прв испад на 23-годишната ѕвезда. Медиумите потсетуваат дека само пред два месеци, Адејеми плати вртоглави 450.000 евра казна за нелегално поседување на боксирач и електричен шокер (тејзер). Неговото оправдување тогаш беше бизарно – тврдеше дека оружјето му пристигнало во „мистериозна кутија од ТикТок“. Ковач овојпат порача јасно: „Инцидентите нема да се кријат под тепих“.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Џа Рул среде концерт со лицето во задникот на Џеј Ло: Сите чекаа љубомора, сопругата ги замолкна!

Недела со чадори: Дожд и силен јужен ветер, но температурите скокаат до 15 степени