
Викенд прогноза: Спремете чадори, но и полесна облека – јужниот ветер носи 15 степени
Денеска (недела) не очекува вистинско есенско, наместо зимско време. Под влијание на циклонска активност, времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа и засилен ветер од јужен правец, кој е „виновникот“ за невообичаено високите температури за јануари.
Утрово позитивни температури, од среда повеќе дожд
Минималните температури се движат од 2 до 7 степени, а дневните ќе се искачат дури до 15 степени. Во Скопје слично – ветровито со услови за дожд и температура до 10 степени. Метеоролозите најавуваат дека овој тренд на „топло и влажно“ време ќе продолжи, а пообилни врнежи треба да очекуваме кон средината на следната работна недела.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден







