во

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, за викендот доаѓа снег на планините и повисоките места

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и јужен ветер нè очекува во текот на денешниот ден, додека за време на викендот циклонската активност и студениот бран од север ќе донесат снежна покривка до 20 сантиметри на планините!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Времето денеска низ целата територија на државата ќе биде променливо облачно проследено со повремени врнежи од дожд, при што локално врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен во рок од 24 часа. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските минимални температури се движат во интервал од 3 до 8 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 6 и 12 степени.

Временската прогноза за Скопје и околината

Во главниот град денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поизразени особено во попладневните часови и кон крајот на денот. Во Скопје ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 10 степени Целзиусови.

Циклонска активност за викендот: До 20 сантиметри снег на планините и стабилизирање од понеделник

Според најавите на метеоролозите, под влијание на циклонска активност, за време на претстојниот викенд времето ќе се задржи облачно и врнежливо. Во сабота на одредени места се очекуваат значително пообилни врнежи кои ќе надминат 30 литри на метар квадратен за 24 часа.

Истовремено, со продор на постуден воздух од север, врнежите постепено ќе преминуваат во мешавина од дожд и снег во некои од пониските места, додека на повисоките населени места и на планините ќе бидат исклучиво од снег. На планините се очекува формирање снежна покривка со висина до 20 сантиметри, а помала снежна покривка од 2 до 10 сантиметри ќе се формира и на повисоките места.

Престанок на врнежите се најавува во недела кон крајот на денот, по што од понеделник следува период на стабилно, но значително постудено време.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Историски технолошки исчекор на Балканот: One Albania прв оператор во регионот што ќе ја тестира технологијата Direct-to-Device на SpaceX

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 27 НОЕМВРИ: Близнаците се однесуваат тврдоглаво кон партнерот, на Лавот му треба концентрација