
✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.
♈
Овен
Некои ситуации на работа се доста комплицирани и ќе бараат многу внимание. Ако работите со пари, бидете прилично внимателни, бидејќи се можни загуби. Во контактот со емотивниот партнер силно се нагласени љубомората и обвинувањето. Обидете се да ја држите ситуацијата под контрола.
♉
Бик
Денес имате огромна количина обврски пред вас, имате доволно енергија, но обидете се да не се префорсирате. Сакате да се докажете пред некои личности, па ќе се трудите уште повеќе. Во брзањето е можно да направите грешки, бидете претпазливи. Една личност силно ве интригира.
♊
Близнаци
Вашата невнимателност или недоволна концентрација денес може да ви донесе грешка или материјална загуба. Можни се и тензии во соработничките односи. Расправии и разминувања и во односот со саканата личност. Двајцата се однесувате премногу тврдоглаво и исклучиво.
♋
Рак
Денес ќе морате силно да ѝ се посветите на деловната обврска или проблемот кој досега се обидувавте да го избегнете или го одложувавте. Бидете свесни дека пред вас се напорни моменти. Ви пречи однесувањето на саканата личност, но не знаете на кој начин да ѝ го свртите вниманието.
♌
Лав
Гужва, тензија, брзина, бидејќи се обидувате да ја завршите работата на време, а страшно ви пречат личностите околу вас затоа што со своето присуство и упади ви го одвлекуваат вниманието. Обидете се да се сконцентрирате. Во односот со саканата личност се повторуваат некои лоши ситуации од претходните денови.
♍
Девица
Денес ситуациите во деловниот сегмент се целосно надвор од ваша контрола. Или наидувате на големи блокади и морате да чекате, или пак ситуациите се одвиваат со огромна брзина која не можете да ја испратите. Ќе бидете многу нервозни при средбата со емотивниот партнер.
♎
Вага
Во деловниот сегмент се нагласени нервозата и притисокот и тешко ќе ги поднесувате околностите, но и луѓето со кои доаѓате во контакт. Се обидувате да се вклопите, но тоа денес е тешко изводливо. Препирки во односот со емотивниот партнер, меѓусебно се обвинувате.
♏
Шкорпија
Ем вие ќе се изнервирате, ем ќе ги изнервирате другите. Никако да се договорите за некои прашања со соработниците, а можно е и папирологијата да ви прави проблеми. Информациите кои ги добивате од саканата личност само дополнително ќе го зачинат овој напорен ден.
♐
Стрелец
Оптоварени сте со случувања кои влијаат на концентрацијата и ви го одвлекуваат вниманието. Вознемирени сте од постапките на колегите или деловните соработници. Плановите моментално ви делуваат неостварливо. Некои зборови од саканата личност ве оптоваруваат и ве тераат да размислувате што не е во ред.
♑
Јарец
Ситните провокации во текот на целиот ден од колега ќе ве нервираат, но не сакате да му го пружите тоа задоволство отворено да покажете дека ве извадил од такт. Покрај сето ова – емотивниот партнер или симпатијата денес нема да има нималку време за вас. Повремено се чувствувате доста нерасположено.
♒
Водолија
Денес морате да обавите важен договор, но сметате дека не сте се подготвиле доволно за тоа. Ќе се обидувате да одложите, но би ве советувала да стиснете заби и секако да отидете, бидејќи прашање е кога повторно ќе се укаже оваа прилика. Нервозата и напнатоста во емотивните односи се присутни.
♓
Риби
Имате чувство дека сте при крај со силите, но важниот деловен проект е веќе при крај. Остана да се одработат уште папиролошките детали, па сето внимание ќе го посветите на овој сегмент. Емотивниот партнер ви ги расипува плановите со своите промени во последен момент, што многу ве нервира.
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден







