
✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.
♈
Овен
Многу е можно информациите кои доаѓаат да не се точни, па немојте веднаш да кревате паника или да паѓате во дубиоза ако слушнете нешто што не ви се допаѓа. Денот е проблематичен и во емотивна смисла, бидејќи е сигурно дека со саканата личност нема да се разберете на вистински начин.
♉
Бик
Сакавте барем еден ден оддишка од напорните случувања во текот на изминатата седмица, но се плашам дека одморот ќе морате да го оставите за некое друго време. Овој ден ќе ви го исцрпи и она малку енергија што остана. Затоа навечер наместете ја вашата најубава насмевка за некој посебен.
♊
Близнаци
Немојте да дозволите вашето его и суета денес да ви пречат, без разлика дали во деловните или во емотивните релации. Можно е да не сте во право за некои прашања и подобро би било да сослушате, наместо да се инаетите и да бидете подготвени за расправија. Малку добра волја и сè ќе биде во ред.
♋
Рак
Не сте расположени за разговор, а додуша, не сте расположени ниту за работа. Се затворивте во својата школка и на другите им е тешко да ве извлечат од неа. Ги преиспитувате своите потези и постапки од претходниот период и многу сте критички настроени кон себе и кон другите. Одморете се малку од сè…
♌
Лав
Денес не можете да ги исфрлите од глава размислувањата и оптоварувањата со деловните обврски. Само ќе создавате непотребна конфузија, бидејќи нема да бидете „присутни“ во ништо што го работите. Не бидете исклучиви и тврдоглави во односот со саканата личност, можете вие тоа и многу подобро…
♍
Девица
Денес сте прилично остри во комуникацијата со другите, критички настроени и како само да чекате некој да направи грешка. Исто ќе се однесувате и кон саканата личност, која прилично смирено ќе ги набљудува вашите променливи расположенија…
♎
Вага
Денес ви се потребни другите како поддршка, но вашиот пристап кон нив е целосно погрешен. Ако ви е потребна помош, не можете да инсистирате на неа, туку да замолите за услуга. Ајде, спуштете ја малку топката и не се однесувајте како сите да постојат само поради вас…
♏
Шкорпија
Енергијата на овој ден ви годи. Денес фатете се за работа, бидејќи сте работливи, вредни, марливи и прецизни. А во вечерните часови предлог за вас е сè она што се врзува за емоциите – убав контакт со партнерот, а доколку сте осамени, нови симпатии се на повидок.
♐
Стрелец
Денес би било баш убаво доколку бидете фини во комуникацијата, особено кон авторитетите и шефовите. Не мора баш за сè да имате контрааргумент. Кога сте со саканата личност, водете љубов, а не војна. Ни вие веројатно не знаете поради што водите бесмислени препирки денес…
♑
Јарец
Денес би можеле малку да здивнете и да се одморите од сите обврски. И онака не сте премногу волни да се занимавате со некои покомплицирани ситуации на работа. Ќе ви годат мирот и тишината, ќе ви годи да се занимавате со оние работи и луѓе кои ги сакате.
♒
Водолија
И за вас денес би било најдобро да одвоите повеќе време за себе. Сите случувања од претходниот период ве направија исцрпени и нервозни и време е малку да одморите. Препорака за вас, за овој ден да биде убав и исполнет со уживања, е да му посветите време на своето семејство или на партнерот.
♓
Риби
Имате феноменални планови за вас и емотивниот партнер, но прашање е дали ќе можете барем делумно да ги остварите. Некои обврски ќе искрснат целосно непланирано и ќе морате да им посветите време. Сепак, саканата личност ќе има трпение и ќе ги чека заедничките моменти.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден







