во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 22 НОЕМВРИ: Сите се на работ на сериозна кавга, еден погрешен збор може да расипе сè

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Можеби нема да бидете во најпоттикнувачко расположение во претпладневните часови, но остатокот од денот секако носи активна атмосфера. Некои обврски кои ветивте дека ќе ги завршите ќе можете да ги завршите на време. Одвојте малку време и за свој одмор, бидејќи сте прилично исцрпени.

♉

Бик

Искористете го овој ден да бидете надвор од дома и во движење. Постојат можности за убави средби, а секако ќе се растеретите себеси од некои грижи. Денот е одличен повеќе да се поврзете со личноста која ја сакате или со некого кој тукушто станува драг на вашето срце. Само немојте да претерувате во трошењето пари.

♊

Близнаци

Сите случувања денес главно ќе бидат поврзани со семејството и членовите на фамилијата. Ќе се потрудите на сите да им бидете на услуга и да им излезете во пресрет, бидејќи сакате да им го разубавите денот на вашите драги личности. Ќе бидете и во многу романтично расположение кон крајот на денот.

♋

Рак

Денес го сакате својот мир, а исто така приоритет ви е и да поправите и средите некои разнишани односи. Своето време ќе ѝ го посветите на саканата личност, но не за некои големи разговори, туку повеќе за уживање во тоа што сте еден покрај друг. Некогаш молчењето кажува многу повеќе од зборовите.

♌

Лав

Ако се разбудите во лошо расположение, окупирани со размислувања за тешкотии или за минатото, обидете се да го избркате ова од себе. Уживајте со луѓето кои се околу вас, дајте им дел од своето време и своето внимание и направете овој ден да помине во едно фино расположение.

♍

Девица

Сакате многу повеќе да се поврзете со некои луѓе кои ви се важни, но можеби избирате погрешен начин. Ако молчите, другата страна тешко ќе разбере што се случува во вас. Затоа убаво отворете се, поразговарајте со драгите личности, нека сфатат колку ви се значајни, исто како и вие ним.

♎

Вага

Ќе си дадете задача да завршите некои обврски кои одамна ги испланиравте, но за тоа резервиравте само претпладневни часови. Меѓутоа, ми се чини дека работите нема да одат онака како што сакате и дека на обврските ќе морате да им посветите повеќе време. Само немојте да бидете преморени за средбата со партнерот.

♏

Шкорпија

Денес ви е потребно да си земете ден само за себе. Сакате да се опуштите и да уживате во некои ситни задоволства. Најрадо барем првиот дел од денот би го поминале сами со себе, додека вечерта веќе би можела да помине во дружење со пријателите. Не верувам дека ќе успеете да ја вклопите саканата личност.

♐

Стрелец

Денес ви е потребно да ги растеретите своите мисли, особено во претпладневните часови. Ако сте во можност, одете на рекреација или барем на пократка прошетка. Нема да ви годи друштвото на другите. Дури во доцните попладневни часови ќе бидете подготвени да им се посветите на луѓето околу вас.

♑

Јарец

Се надевам дека во текот на овој ден сте некаде надвор од градот, или барем на прошетка низ шума, во најлош случај – низ трговски центар или пазар. Што и да правите, само немојте да останувате дома, бидејќи лесно би можеле да западнете во некои размислувања кои само би ви донеле меланхолија. Не самувајте денес.

♒

Водолија

Крајот на оваа седмица носи смирување кое толку многу ви беше потребно. Но, секако е дека во првиот дел од денот ќе бидете прилично исцрпени и можеби најрадо би поминале време сами со себе, читајќи некоја добра книга или занимавајќи се со ситни домашни обврски. Во вечерните часови расположението е многу подобро.

♓

Риби

Доста напорен ден на емотивен план, особено ако живеете со партнерот. Првиот дел од денот може да биде оптоварувачки за односот и можеби е подобро да излезете некаде надвор од дома или да бидете опкружени со пријатели. Комуникацијата меѓу вас двајца повремено ќе биде на граница на расправија.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денеска променливо облачно со температури до 19 степени, но доаѓа промена: Од утре снег на планините!

Совршен семеен ручек: Рецепт за шведски ќофтиња во сочен и кремаст сос