во ,

Оваа баба стана хит на интернет поради начинот на кој го шета кучето сред полициски час

На најстарите граѓани на Србија им е забранет излез од своите домови поради вонредната состојба. За нив полицискиот час важи 24 часа дневно, а во таквата ситуација пензионерите на разни начини се снаоѓаат како да ги исполнат своите желби, но и потребите на нивните домашни миленици.

За таа цел, една пензионерка смислила оригинален начин како да го прошета своето куче. Снимката за која сè уште не се знае каде е направена, но се верува дека станува збор за Белград, прикажува жена како стои на балкон со поводник во рацете додека кучето шета пред зградата, a кога завршила прошетката, таа со помош на поводникот само го кренала кучето назад кон балконот.

https://www.instagram.com/p/B-CjZL2gH30/?utm_source=ig_embed

Ова не е првпат луѓето да смислат креативен начин како да ги прошетаат своите миленици во текот на самоизолацијата, па така има и такви кои за таа цел користат дрон.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најдобрата стара видео-игра за која веројатно не сте слушнале

„Ми се плаче од фотографијава“: После она што ја ‘пречекало’ во маркет, си заминала во солзи