во ,

Ова е филмот кој во првиот викенд на прикажување заработи неверојатни 128,5 милиони долари

Новиот филм за Бетмен во текот на викендот во северноамериканските кина направил приход од околу 128,5 милиони долари, станувајќи првиот овогодишен филм кој во првиот викенд од прикажувањето надмина заработка од 100 милиони долари, се податоци од компанијата „Exhibitor Relations“.

Продукцијата на оваа посебно мрачна верзија од филмот за Бетмен со англискиот актер Роберт Патинсон во главна улога чинела околу 200 милиони долари.

Реклама

Од друга страна „Spider Man: No Way Home“ е вториот филм од периодот на пандемијата кој во првиот викенд од прикажувањето во кината ја надмина границата од 100 милиони долари заработка. По премиерата филмот забележал 260 милиони долари од продажба на влезници.

Авантуристичкиот филм „Uncharted“ со Том Холанд во главната улога на ловец на богатство, досега заработил вкупно 11 милиони долари.

Комедијата „Dog“ со Чанинг Тејтум во главната улога исто така зазеде високо место на листата филмови со најголем остварен профит, со заработка од шест милиони долари.

На оваа листа се најде и филмот „Death on the Nile“ со заработени 2,7 милиони долари.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Остатоците од нечија ракета удрија во Месечината и направиле нов кратер

Живее во оддалечено село на Алјаска до кое може да се стигне само со мал авион: За да купи намирници мора да пројде 320 километри