Цртежот на белгискиот уметник Херге за насловната страница на албумот на Тинтин Синиот Лотус во четвртокот е продаден за рекордни 3.17 милиони евра, вклучувајќи ги сите трошоци, објавила аукциската куќа „Artcurial“.
Таа сума ги сруши сите рекорди како најскап цртеж за некој стрип во историјата.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Цртежот од 1936-та година, насликан со кинеско мастило, гваш и акварел, бил продаден од семејството Кастерман во Париз.

Бил оценет како префинет, комплексен и прескап за печатење стрипови и мистериозно се појавил откако белгискиот стрип-уметник му го понудил на Џен Пол, синот на издавачот Луис Кастерман, велат наследниците.
На цртежот е прикажан црвен змеј на црна позадина покрај исплашениот израз на лицето на главниот лик.


