
Пожарот избувнал околу 13:30 часот надвор од селото, но за многу кратко време се проширил кон куќите. Во Чаниште живеат околу десет жители, кои заедно со пожарникарите и останатите екипи херојски се бореле да го спречат огнот да зафати и други објекти.
Опасност од неексплодирани гранати
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Ситуацијата на терен била дополнително критична и опасна поради неексплодираните гранати од Првата светска војна. За време на огнената стихија постојано се слушале експлозии, и надвор и во близина на селото, што значително го отежнувало гаснењето и безбедното движење на спасувачките екипи.
Мобилизација на екипите и апел до граѓаните
Интервенцијата на терен продолжува и денес. Жителите, кои сè уште се во шок од вчерашната катастрофа, стравуваат огнот повторно да не се разгори. Во гаснењето и спречувањето на ширењето на огнот масовно учествуваат:
- Екипи на ТППЕ Прилеп и Универзалната единица од Прилеп;
- Дирекцијата за заштита и спасување и „Македонски шуми“;
- Доброволни противпожарни друштва и голем број локални жители.
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека општината обезбедила целосна логистика, човечки ресурси, храна и вода за сите лица кои учествуваат во акцијата.
„Апелирам да не се палат стрништа, ниви, отпад и сува вегетација, да не се остава оган без надзор и граѓаните да бидат крајно внимателни при секое движење и работење во природа“, порача Проданоски.
И покрај огромната материјална штета која го пеплоса селото, за среќа, нема пријавено повредени лица.


