
Орце Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: ‘Наша должност е да ја чуваме жртвата на хероите жива’
По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово одржа традиционална средба со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. Тој им оддаде почит на борците, истакнувајќи дека овој ден е вечен симбол на храброста, достоинството и слободата на градот.
Ѓорѓиевски им се заблагодари на присутните претставници за нивната континуирана посветеност во негувањето на сеќавањето на хероите кои ги положија своите животи за слободно Скопје.
„Да го градиме Скопје како град на обединети луѓе“
„На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор. Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, за иднина, за Скопје какво што денес го имаме“, истакна Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека 13 Ноември не е само датум за потсетување, туку и обврска за иднината. „Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива, со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе… како модерен, достоинствен и слободен град. Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември. Слава на борците за слободно Скопје!“, порача градоначалникот Ѓорѓиевски.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







