во

ОСТРА РЕАКЦИЈА ОД ВМРО-ДПМНЕ: „Филипче се фали со одлука на обвинител кој слепо следи партиски насоки!“

ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри критики по повод одлуката да не се поведе обвинение против Венко Филипче за случајот со модуларните болници, обвинувајќи го лидерот на СДСМ дека ја слави одлуката на систем кој партиски го обликувал.

Од владејачката партија посочуваат дека Филипче се фали со одлуката на обвинителот Ислам Абази во врска со 19-те модуларни болници, вклучувајќи ја и онаа во Тетово каде животот го загубија 14 лица. Според ВМРО-ДПМНЕ, токму правосудниот систем што СДС и ДУИ го доведоа до доверба под два отсто сега му служи како аргумент за наводна невиност.

Лицемерие кон европските вредности и владеењето на правото

Супер Попуст -25%

Во партиското соопштение се нагласува дека Филипче зборува за европска Македонија и независно правосудство, додека истовремено се потпира на одлуки на обвинителства поставени во времето на поранешната власт. Од владејачката партија додаваат ваквите постапки директно му штетат на евроинтегративниот процес и на реформите за владеење на правото во земјата.

„ЕУ бара независно правосудство, но наместо тоа, Филипче ја слави одлуката на обвинител поставен во систем чија кредибилност самиот тој придонел да ја урне.“

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

УДАРЕН БРАН НА БОГОРОДИЦА: Долги колони возила уште од рано утринава, илјадници тргнаа кон Грција!

ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК: Верниците ширум земјата го слават Успението на Пресвета Богородица – Голема Богородица!